Стокхлом: Победа на опозицијата на парламентарните избори во Шведска

Коалицијата на десниот центар, со 48 насто од гласовите, е победник на вчерашните парламентарни избори во Шведска. Лидерот на левичарските социјал-демократи, кој беше премиер 10 години, Горан Персон, го призна поразот и најави распуштање на владата. Опозициониот лидер Фредерик Рајнфилд ќе биде нов премиер на Шведска.