Париз: Жак Ширак ќе предложи меѓународна конференција за обнова на Либан

Францускиот претседател Жак Ширак изјави дека ќе предложи одржување меѓународна конференција за обнова на Либан. Во интервју за Француското Радио, Ширак оцени и дека проблемот со иранската нуклеарна програма не треба да се става пред Советот за Безбедност на Обединетите Нации, истовремено повикувајки го Иран да го прекине збогатувањето ураниум. Во врска со тензиите меѓу Католичката Црква и Исламот, Ширак изјави дека не треба да се меша Исламот со радикалните муслимани.