Хавана: Моменталната меѓународна состојба голем предизвик за движењето на неврзаните

Вршителот на должност претседател на Куба Раул Кастро доцна синока изјави дека моменталната мегународна состојба претставува голем предизвик за Движењето на неврзаните. Вкупно 56 шефови на држави и влади за време на самитот усвоија пет документи, мегу кои и завршна декларација во која се изразува решеноста повторно да заживее движењето основано во 1961 година за време на студената војна. На самитот се расправало и за ситуацијата во Либан, палестинското прашање и иранската нуклеарна програма.