Стокхолм: Во Шведска денеска парламентарни избори

Во Шведска денеска се одржуваат парламенатрни избори на кои се очекува тесна битка мегу владеачките социјадемократи и опозицијата од десниот центар. Според последните анкети опозицијата е во благо водство, доколку таа би победила тоа би претставувало голема промена во политичкиот живот во Шведска, каде во последните 74 години социјалдемократите беа на власт вкупно 65 години.