Багдад: Десет загинати при експлозија на автомобил бомба

Во денешната експлозија на автомобил бомба врз една бензиска пумпа во Багдад загинале десет луѓе. Претходно, како што јавуваат агенциите, во Багдад имало уште една експлозија на автомобил бомба при што биле убиени три лица. До овие напади дојде пред најавената церемонија на која американските војници треба командата врз ирачките оружени сили да им ја предадат на ирачаните.