Кејптаун: Посета на рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин е прв руски лидер кој ја посетува Јужна Африка. Тој во Кејптаун се состанува со претседателот Табо Мбеки а во рамките на дводневната посета ќе разговара за засилување на економските и политичките врски. Путин утре ќе го посети затворот на островот Робен во кој Нелсон Мандела мина 27 години зад решетките.