Каиро: Посета на генералниот секретар на ОН Кофи Анан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан денеска во рамките на блиско источната турнеа разговара со египетските лидери во Каиро. Целта на посетата на Либан, Израел, Саудиска Арабија и Египет е да се добие регионална подршка за мирот во Либан по војната меѓу Израел и Хезболах.