Авганистан: Продолжува операцијата Медуза на силите на НАТО

Во Авганистан и натаму, како што јавуваат агенциите, продолжуваат интензивните борби. Силите предводени од НАТО ја продолжуваат операцијата Медуза против талибанците која почна во саботата. Еден канадски војник загина, а неколкумина беа повредени од американски воени авиони во таканаречен пријателски оган.