Ријад: Посета на генералниот секретар на ОН Кофи Анан

Генералниот секертар на Обединетите Нации Кофи Анан со денешната посета на Саудиска Арабија ја продолжува блискоисточната мировна турнеја. Анан претходно во Техеран не успеа да го убеди иранското раководство да го прифати барањето за итно запирање на процесот за збогатување ураниум. Иран повтори дека е подготвен на преговори за нуклеарното прашање.