Ван: Две лица загинаа во бомбашки напад на југот од Турција

Две лица загинаа, а деветмина беа ранети во експлозија во во турската југоисточна провинција Ван, пренесуваат агенциите. Според полициски извори, бомбата експлодирала во канта за ѓубре во една чајџилница. Ова е најнов во серијата бомбашки напади што ја зафати Турција во изминативе неколку недели. Одговорноста за нападите ја презедоа курдските милитанти.