Техеран: Средба Анан - Ахмадинеџат

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, кој е во посета на Иран, денеска во Техеран ќе разговара со претседателот Махмуд Ахмадинеџат. Вчера Анан се состана со иранскиот шеф на дипломатијата Манучер Мотаки кој ветил целосна соработка во спроведувањето на примирјето меѓу Израел и Хезболах. Кофи Анан разговараше и со иранскиот преговарач за нуклеарната програма, Али Лариџани, кој изјави дека двете страни се согласиле оти проблемот треба да се реши низ преговори.