Кандахар: Тешки загуби за талибанските сили во офанзивата на НАТО силите

НАТО силите во Авганистан соопштија дека во воздушната и копнена офанзива во провинцијата Кандахар им нанеле тешки загуби на талибанските сили. Акцијата, со подршка на авганистанските сили, започнала вчера, но не е прецизирано колку талибански борци биле убиени. Вчера во Авганистан се урна авион на НАТО, при што загинаа 14 британски војници. Британското министерство за одбрана ги демантира информациите дека авионот бил соборен.