Лондон: Уапсени 14 лица осомничени за тероризам

Лондонската полиција соопшти дека уапсила 14 лица, осомничени за тероризам. Портпарол на полицијата изјави дека овие нови апсења не се поврзани со неодамнешното откривање на планираниот терористички напад врз авиони на летовите од Британија за Соединетите Држави.