Прага: Чешка конечно доби влада три месеци по изборите

Три месеци по парламентарните избори, Чешка конечно добива нова, привремена влада која денеска на претседателот Вацлав Клаус му ја претстави лидерот на конзервативците Мирослав Тополанек. Станува збор за малцинска влада која, според најавите на премиерот, треба да ја доведе земјата до предвремени избори, напролет идната година. Чешка западна во невидена уставна криза откако по изборите, во почетокот на јуни, парламентот буквално беше поделен по бројот на пратеничките мандати меѓу социјалдемократите и конзервативците.