Беслан: Две години од трагедијата во училиштето во кое загинаа над 330 лица

Во руската република Северна Осетија денеска се одбележува две годишнината од трагедијата во училиштетото во градот Беслан. Стотици родители и деца полажија венци и цвеќиња во дворот на училиштето каде што милитантите, барајќи крај на војната во соседната Чеченија, зедоа во заложништво илјада ученици. Заложничката драма заврши три дена потоа во трагедија во која загинаа над триста и триесет луѓе, повеќето деца.