Приштина: Германски претставници на чело на меѓународната цивилна и воена управа на Косово

Германски претставници од денеска се на чело на меѓународната цивилна и воена управа на Косово. На функцијата шеф на УНМИК наместо данецот Сорен Јесен Петерсен доаѓа Јоахим Рикер кој досега беше задолжен во УНМИК за економијата. Нов командант на КФОР е германкиот генерал Роланд Катер кој функцијата ја презема од италијанскиот генерал Џузепе валота. Според германските аналитичари, Рикер и Катер ќе се грижат за Косово во периодот во кој би можело да бидат донесени клучните одлуки за идниот статус на Косово кој седум години е под протекторат на Обединетите Нации.