Подгорица: Чешка демантира дека ги укинала визите за Црна Гора

Конзуларната канцеларија на Чешка во Подгорица ја демантира информацијата за укинување на визите за граѓаните на Црна Гора, која ја објави црно-горското министерство за андворешни работи. Шефот на канцеларијата, Петр Шмејкл изјави дека без визи во Чешка ќе можат да патуваат само оние што имаат дипломатски пасош, а црно-горците што имаат шенген визи ќе имаат право на транзитен престој од најмногу 5 дена.