Њујорк: ОН гласаат за распоредување трупи во Дарфур

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да гласа за предлогот за распоредување околу 17 илјади војници на Светската организација во суданскиот регион Дарфур. Тие би требало да ја превземат мисијата од Африканската Унија, која не успеа да ги спречи убиствата и расселувањето на илјадници цивили во Дарфур.