Вашингтон: САД предложи испраќање меѓународни посматрачи на преминот меѓу Израел и Газа

Соединетите Американски Држави предложија испраќање меѓународни посматрачи на главниот граничен премин меѓу Израел и Газа за да се спречи економската блокада на Газа. Ова го соопшти палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, додавајки дека палестинците го подржуваат овој предлог. Од Израел засега нема одговор.