Скопје: Собранието ја изгласа новата влада

Вчера вечерта Собранието на Македонија со 68 гласа ,,ЗА,, 22 против и ниту еден воздржан ја избра новата Влада предводена од Никола Груевски, после дводневната дебата. Новата Влада по изборот и давањето свечени изјави, беше примена и од претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. За попладнево во Владата треба да биде извршено примопредавањето на премиерската должност меѓу стариот и новиот премиер Владо Бучковски и Никола Груевски. Премиерот Никола Груевски во експозето на програмата нагласи дека приоритети на новата влада ќе бидат подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во Македонија, зголемување на вработеноста, корупцијата, подобрување на меѓуетничките односи и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО. Во владата освен Коалицијата ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО ДПМНЕ која победи на парламентарните избори на 5-ти јули, влегоа и Новата Социјалдемократска партија и Демократската партија на Албанците. Собраниската седница за избор на владата ја бојкотираа пратениците на коалицијата ДУИ-ПДП поради незадоволството од невклучувањето на коалицијата во новата влада.