Газа: Еден милитант убиен, а пет лица се повредени во израелски воздушен напад

Пет лица, вклучувајќи и двајца новинари, се повредени при израелски воздушен напад врз репортерското возило на новинската агенција Ројтерс во Газа. Израелската армија го потврди нападот и соопшти дека тој бил извршен бидејќи возилото било ,,сомнително управувано,,. Во друг одвоен воздушен напад на израелската армија во Газа, е убиен и еден милитант на Хамас.