Ашгабат: Судски процес против новинарот на РСЕ Огулсапар Мурадова

Во Туркменистанскиот град Ашгабат денеска започна судскиот процес против дописникот на Радио Слободна Европа, Огулсапар Мурадова и против уште двајца активисти за човекови права. Тие поминаа повеќе од два месеца во затвор, а сеуште не е познато за што се обвинети.