Брисел: Разговор Хавиер Солана-Али Лариџани за иранската нуклеарна програма

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана денеска остварил телефонски разговор со иранскиот главен преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани. Како што е соопштено од кабинетот на Солана, разговорот бил ,,конструктивен,, и двајцата претставници се договориле да отпочнат дополнителни контакти со што ќе се даде ,,уверување дека иранската нуклеарна програма има цивилна природа,,. Иран утре треба да одговори на пакетот предлози од Западот кои имаат за цел земјата да го запре збогатувањето ураниум, за што Техеран истакнува дека нема намера да се откаже.