Будимпешта: Три лица загинаа, а 38 се повредени во силното невреме во Будимпешта

Три лица загинаа, а 38 се сериозно повредени во вчерашното силно невреме што го зафати главниот град на Унгарија, Будимпешта. Во моментот на невремето десетици илјади граѓани се наоѓале на главниот плоштад во градот, за да го гледаат најавениот огномет по повод државниот празник на Унгарија.