Бејрут: Либанските власти ветија дека ќе го спречат секое прекршување на огнот од либанска страна

Властите во Бејрут денеска ветија дека ќе го спречат секој обид за прекршување на огнот од либанска страна во примирјето со Израел. Министерот за одбрана на Либан Елијас ал Мур изјави дека либанската армија ќе настапи цврсто во справувањето со прекршителите на огнот. Неговата изјава доаѓа ден по израелската операција на територијата на Либан, со цел како што соопшти Израел, спречување на испорака на оружје за Хезболах, од страна на Иран и Сирија.