Њујорк: Кофи Анан изрази загриженост поради кршењето на примирјето од страна на Израел

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изрази ,,длабока загриженост,, поради како што изјави ,,израелското кршење,, на примирјето во Либан, воспоставено со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Соопштението на Анан доаѓа откако синоќа во источниот дел на Либан, израелската војска изврши операција со цел како што беше соопштено, спречување на испорака на оружје до Хезболах од страна на Сирија и Иран. Во операцијата, за која израелската страна ги отфрли обвинувањата дека претставува кршење на прекинот на огнот, загина еден израелски војник, а двајца други се повредени. Генералниот секретар Кофи Анан во соопштението наведува и уште неколку други непочитувања на примирјето од страна на израелската авијација во Либан.