Бејрут: Започна распоредувањето на либанските војници на југот од Либан

Либанските војници денеска почнале да се распоредуваат по должината на јужната граница со Израел и да ги преземаат упориштата на Хезболах што во едномесечната војна беа освоени од израелските сили. Агенциите јавуваат дека првите единици стигнале во градот Марџајун каде што во иднина треба да биде сместен Генералштабот на меѓународните сили под команда на Обединетите Нации.