Багдад: Најмалку осум загинати при експлозија во Багдад

Најмалку 8 луѓе загинале, а 30-тина биле повредени при денешната експлозија на бомба во централен Багдад во близина на главната автобуска станица, соопштија ирачките безбедносни сили. Во градот Мосул, во престрелка со полицијата, биле убиени 5-мина напаѓачи, а уште 6 биле уапсени.