Бејрут: Разговори со либанските власти за распоредувањето на 15 војници на ОН на југот од Либан

Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази го повика Израел да ја укине воздушната, поморската и копнената блокада на Либан, за непречено одвивање на активностите за реконструкција на Либан, а воедно ја повика либанската влада да преземе мерки со цел да осигура дека преку нејзините граници нема да се внесува оружје. Францускиот шеф на дипломатијатија е во Бејрут на разговори за распоредувањето на 15 илјади мировници на ОН на југот од Либан, за кои подготвеност за учество изрази и Франција. На истата тема во Бејрут со либанските власти се очекува да разговараат и министрите за надворешни работи на Турција, Пакистан и Малезија.