Техеран: Иран изрази подготвеност да разговара за суспендирање на програмата за збогатување ураниум

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки денеска изјави дека Техеран е подготвен да разговара во врска со суспендирањето на контроверзната програма за збогатување ураниум, за кое како што изјави ,,Иран смета дека нема логична основа,,. Денеска Кина го повика Техеран да ја прифати меѓународната понуда за економски и други бенефиции со цел да ги прекине нуклеарните активности. Иран треба да одговори на пакетот предлози од меѓународната заедница до 22 август.