Токио: Јуничиро Коизуми го посети светилиштето на загинатите јапонци од Втора Св. Војна

Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми го посети контроверзното светилиште за загинатите јапонци за време на Втората Светска Војна. Ваквиот потег предизвика остри реакции од Кина и Јужна Кореја во кои се оценува дека глорификацијата на јапонскиот милитарен режим од тоа време, е разочарувачки потег на актуелниот јапонски премиер. Протести беа одржани пред јапонските амбасади во Пекинг, Сеул и Хонг Конг.