Кабул: НАТО ќе се прераспоредува на југот од Авганистан

НАТО ќе ги прераспореди своите сили во јужниот дел на Авганистан, за поефикасна борба против талибанците и останатите бунтовници во тој регион. Шефот на силите на НАТО британскиот генерал Дејвид Ричардс исто така соопшти дека не планира повлекување од југот на Авганистан, каде трупите на НАТО се соочуваат со зачестени напади од бунтовниците.