Багдад: Рација на американските сили во ирачкото министерство за здравство, 7 лица се уапсени

Американските сили во Ирак извршиле ненадеен упад во зградата на ирачкото министерство за здравство при што се уапсени седум вработени од службата за обезбедување, соопшти ирачкиот министер за здравство Ал Ал Шемари кој ја нарече акцијата ,,провокација,,. Причините за апсењето на седумтемина вработени, не се познати.