Њујорк: Израел го отфрли рускиот предлог за 72 часовен прекин на огнот

Израелскиот амбасадор во Обединетите Нации Дан Гилерман го отфрли рускиот предлог за усвојување резолуција со која ќе се бара седумдесет и две часовно примирје со цел да се достави хуманитарна помош до луѓето кои се наоѓаат на подрачјето на судирите меѓу израелските сили и Хезболах. Според Гилерман, тоа само ќе им даде време на герилците на Хезболах да се прегрупираат и да се одморат од израелските бомбардирања.