Њу Делхи: Американската амбасада предупредува на можни терористички напади во Индија

Американската амбасада во Њу Делхи предупреди од можни терористички напади во Индија во наредниве неколку денови. Во предупредувањето испратено до американските државјани кои живеат во Индија се прецизира дека евентуални цели би биле Њу Делхи и Бомбај и тоа особено околу Денот на идиската независност што се одбележува на петнаесетти септември.