Тел Авив: Израел ќе ја продолжи борбата против Хезболах

Израел ќе ја продолжи борбата против Хезболах и ќе окупира други територии на југот на Либан. Ова денеска го изјави израелскиот министер за одбрана Амир Перец. За утре е закажана седница на израелскиот совет за безбедност на која се очекува да биде донесена одлука за подлабоко навлегување во Либан, се до реката Литани, која се наоѓа триесетина километри од границата со Израел.