Лондон: Цената на нафтата се покачи по веста за корозија на нафтоводот во Аљаска

Бритиш петролеум соопшти дека поради откриената корозија на нафтоводот во Аљаска треба да бидат сменети цевки во должина од триесет и пет километри. Тоа за неколку месеци би го запрело производството на нафта од тамошните наоѓалишата. По оваа вест цената на нафтата се покачи за повеќе од два долара за барел.