Бејрут: Состанок на министрите за надворешни работи на Арапската Лига

Министрите за надворешни работи на Арапската Лига денеска во Бејрут одржуваат итен состанок на кој се очекува да го подржат либанскиот план за запирање на конфликтот со Израел. Планот, меѓу другото, содржи и повик до Израел да ги повлече сите свои војници од Либан, што не е вклучено во нацрт резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, предложена од Франција и Соединетите Држави.