Хавана: Фидел Кастро се опоравува од операцијата

Кубански официјални претставници соопштија дека претседателот Фидел Кастро се опоравува од операцијата, но оти ќе бидат потребни повеќе недели за целосно да заздрави. Претседателот на Венецуела Уго Чавез, кој е близок сојузник на кубанскиот режим, изјави дека Кастро веќе почнал да станува од кревет.