Тел Авив: Уапсен либанец вмешан во киднапирањето на двајцата израелски војници од Хезболах

Израелската армија соопшти дека уапсила еден либанец, кој бил вмешан во киднапирањето на двајцата израелски војници на 12-ти јули од Хезболах, пренесуваат агенциите, но не се дадени повеќе детали за неговото апсење. Заробувањето на двајцата израелски војници беше причина за започнувањето на израелската офанзива против Хезболах во Либан.