Багдад: Сослушување на четворицата американски војници обвинети за силување и убиство

Денеска американските воени обвинители започнуваат со сослушувањето на четворицата американски војници обвинети за силување и убиство на 14 годишно ирачко девојче и убиството на тројца членови од нејзиното семејство. Четворицата војници се соочуваат со смртна казна доколку бидат обвинети за овој настан, кој се случи на 12-ти март во Махмудија, јужно од главниот ирачки град Багдад.