Бејрут: Либанската влада ја отфрли како ,,неадекватна,, нацрт резолуцијата на Советот за безбедност

На дипломатскиот фронт пак, либанската влада ја отфрли нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која има за цел запирање на насилствата меѓу Израел и Хезболах, оценувајќи ја како неадекватна. Либанскиот претставник Нухад Махмуд, истакна дека меѓудругото, нацрт резолуцијата не содржи повик до израелските трупи да го напуштат Либан. Претставници на Хезболах соопштија дека ќе прифатат прекин на огнот само доколку Израел ги запре нападите и кога сите израелски војници ќе го напуштат Либан. Израелскиот министер за правда Хаим Рамон пак, најави дека израелската офанзива против Хезболах ќе продолжи, наведувајќи дека израелската Влада сеуште ја разгледува нацрт резолуцијата. Во нацрт резолуцијата, за која се усогласија Франција и Соединетите Држави се повикува на ,,целосен прекин на непријателствата,, меѓу Израел и Хезболах и се очекува да биде донесена деновиве.