Газа: Израел го уапси претседателот на палестинскиот парламент

Израелската војска рано утринава го уапсила претседателот на палестинскиот парламент Абдел Азиз Дуаик, лидер на владеачкото палестинско движење Хамас. Израелската војска соопшти дека Дуаик како лидер на Хамас, што според Израел е терористичка организација, е легитимна цел на апсење. Инаку, во израелските воздушни напади на градот Рафа во Појасот Газа, едно палестинско момче загинало, а три други лица се повредени.