Хавана: Фидел Кастро поради операцијата му ја препушти власта на брат му Раул

Кубанскиот претседател Фидел Кастро е опериран од внатрешно крварење и привремено власта му ја предаде на неговиот брат Раул Кастро. Во соопштението се наведува дека 80 годишниот Фидел Кастро бил исцрпен од патот на самитот на Јужна Америка и прославата на годишницата на неговиот напад на воениот гарнизон во 1953 година. Фидел Кастро, кој од 1959 година владее во Куба, како што е соопштено ќе се одмора неколку недели.