Техеран: Иран ,,ќе се откаже,, од пакетот предлози на Западот, доколку СБ ја усвои резолуцијата

Иранското министерство за надворешни работи денеска предупреди дека Техеран ќе се откаже од пакетот предлози на Западот за решавање на иранската нуклерна програма, доколку во понеделник Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата против Иран. ,,Доколку резолуцијата се усвои, пакетот предлози од западот веќе нема ,,да биде на маса,, изјави портпаролот на иранското министерство за надвoрeшни работи Хамид Реза Асефи. Членките на Советот за безбедност постигнаа договор за нацрт резолуција со која на Иран му се дава рок до крајот на август да го сопре збогатувањето ураниум или ќе се соочи со санкции.