Шангај: Изградена скривница во која може да се засолнат 200 илјади лица

Во кинескиот град Шангај е изградена скривница во која може да се засолнат 200 илјади лица, пренесуваат кинеските медиуми. Граѓаните ќе можат да се засолнат во скривницата во случај на војна, атомски или хемиски напад, и во неа можат да престојуваат 15 дена бидејќи за тој временски период е обезбедено снабдување со вода и струја.