Манама: 16 индиски работници загинале во пожар

Шеснаесет индиски работници загинале, откако пожар избил во зградата во која живееле во главниот град на Бахреин, Манама. Индискиот амбасадор изјави дека во зградата биле сместени околу 300 работници, повеќето индијци кои во земјата работеле по договор.