Газа: Уништени неколку палестински домови во израелски воздушни напади

Израелските авиони уништија неколку палестински домови во различни делови на Газа, при што загинале 2 лица. Според израелската армија цел биле куќи кои служеле како магацини за оружје. Истовремено тенковите и армиските возила се повлекле од подрачјата северно и источно од градот Газа со што таму завршила дво дневната операција.