Осло: Протести против уште една карикатура

Уште една карикатура објавена во Европа предизвикува протест како и онаа претходната на пророкот Мухамед. Овој пат тоа е кариктурата издадена во норвешкиот весник Дагбладет, а на која е прикажан израелскиот премиер Ехуд Олмерт како нацистички офицер кој стои над загинат палестинец. Израелскиот амбасадор во Осло изјави дека претставува навреда споредбата на Холокаустот со израелските акции против палестинските милитанти.