Газа: Најмалку седум Палестинци меѓу нив и девојче загинаа во најновата израелска офанзива

Најмалку 7 палестинци, меѓу кои едно мало девојче, загинаа изутрината кога Израел започна нова копнена и воздушна офанзива во Газа. Меѓу загинатите се и неколку членови на Хамас, соопшти оваа организација. Израелската армија соопшти дека нападот е извршен откако милитанти истрелале анти тенковска граната врз израелските трупи. Претходно 50 тенкови и булдужери влегоа во северна Газа, а пред воздушните напади се известени цивилите да ги напуштат домовите. Цел на нападот биле куќи на милитанти на Хамас и Исламски Џихад.